СКАНДАЛ: Активисти на СДСМ ја нападнаа директорката на ОУ „11 Октомври“ (ВИДЕО)

Скандалите во образовните институции под надлежност на опозициските општини денес кулминираа.

Незаконските смени и политички пресметки на грб над децата од денес и официјално потврдени. Со решение на Државната комисија, потврдено е дека градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, спротивно на закон ја разрешил директорката на ОУ „11 Октомври“,  Даниела Костадинова.  Како партиската одлука на Жерновски да не беше доволно скандалозна, дваесетина родители од училиштето, инаку активисти на СДСМ, направија обид за линч во училиштето.

Тие насилно влегоа во канцеларијата каде таа работеше и со грди зборови, дрски навреди, пцовки, па и закани ја нападнаа директорката. Оваа директорка го раководи единственото училиште во општина Центар кое е без долгови, а е под постојана опструкција од општинските власти и активисти на СДСМ.

За тоа колку овие луѓе се дојдени тука да бранат деца или политичка опција, јасно говори фактот што еден од родителите во канцеларијата на директорката извикуваше „Нема правда, нема мир“, слоган на партиските протести на СДСМ.

Откако директорката им посочи дека обвинувањата не им се основани, родителите почнаа да ја навредуваат уште подрско.

Таа објасни дека се што направила е сработено според законите, но разлутените родители воопшто не и дозволија да им објасни, туку продолжија со дерење и напади.

Како што ќе можете да слушнете во видеото во продолжение еден “загрижен“ татко изрече и закана по живот со зборовите „Ќе ја фатам за гуша, ќе ја удавам“! Ова е скандал од огромен размер, а потенцираме дека родителите се однесуваа вака за време на настава, додека нивните деца во соседната училница беа на час и ги слушаа своите насилни родители.

И покрај обидот за линч, директорката во изјава за медиумите детално ја образложи состојбата и кажа со какви притисоци се соочува.

Обидите за нејзино делегитимирање и смена се интензивни веќе подолг период, а камерите ги евидентираа и денес.

Андреј Жерновски не се откажува од идејата за поставување на свој човек  на оваа позиција. Во училишниот хол денес беше евидентно присуство  на партиски мотивирани членови, кои со своето арогантно и безобразно насилно однесување само покажаа дека не се тука да се борат за правата на нивните деца.

skoloskandall

За директорката, ситуацијата е чиста и таа е се уште актуелен директор. Нејзината правда ја потврдуваат документите издадени од надлежните институции.

skandalmajkaskoloo

Нападите од родителите кон директорката беа толку жестоки, што нивните страсти требаше да ги смирува полицијата.

majka2skandall

Револтирани се и наставниците од ова училиште. Велат дека ниту тие не се поштедени од оваа општина и бараат политиката да ги тргне рацете од образованието затоа што најголемите последици ги чувствуваат учениците.

Но, општина Центар го прави токму спротивното. До кога, зависи од првиот општински човек Андреј Жерновски.