Во законодавниот дом сеуште трае собраниската расправа каде пратениците дебатираат околу информацијата за иселување на младите од Република Македонија предложена од опозицијата.
Денес на оваа тема свое обраќање имаше и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуровска која нагласи дека ова е сериозна и важна тема и дека е потребно да се прецизираат сите фактори и причинителни кои довеле до ваква несакана појава и ситуација.
На почетокот таа се осврна на мерките кои Владата ги има спроведено со цел намалување и ублажување на процентот на иселување на младите.
Искрено не очекував од страна на опозицијата да ги пофали, но барем сметав дека ќе ги поздрават и набројат низата мерки и политики кои што оваа Влада ги превзема во континуитет од 2006 до денес во однос, не за да го реши во целост овој проблем бидејќи тоа и не може, но барем да ги поздрават политиките во однос на намалувањето на процентот на иселување, истакна Затуровска.
Во тој контекст Затуровска продолжи и нагласи дека доколку СДСМ биле барем малку одговорни како оваа владеачка гарнитура последиците сега ќе биле помали.
И верувајте ако вие бевте барем 10% одговорни онолку колку што оваа Влада посветено работи на овој проблем, секако денес после последиците од континуираното иселување на луѓе ќе беа помали, повтори уште еднаш пратеничката Затуровска.
На крајот таа се осврна и на податокот кој опозицијата го пласира во јавноста со кој велат дека од Македонија поради политиката на Владата се иселиле околу 450 илјлади граѓани односно 21,9% од вкупното население на државата.
Не е во ред, не е воопшто благодарно и е премногу некоретно и сурово од страна на опозицијата што сето ова го препишува на политиката на Владата која ја води токму кон решавање на овој проблем и притоа истакнувајќи дека оваа Влада не превземала никакви мерки и стратегии кои што би овозможиле подинамичен економски раст кој би продуцирал повисок степен на вработување, заврши Затуровска.