
САД соопштија вчера дека доделуваат нови сто милиони долари финансиска помош за сириската опозиција.
– Со тоа вкупниот износ на помошта, која Вашингтон и ја додели на сириската опозиција од 2012 година достигна околу 500 милиони долари, изјави американскиот помошник државен секретар, Ентони Блинкен, пренесува МИА.
Средствата ќе бидат наменети за училиштата во регионите под контрола на сириската опозиција, за снабдување со вода и електрична енергија и за помагање на независните медиуми во Сирија.