Делови од Кисела Вода, Чаир и Карпош утре ќе бидат без струја. Поради технички зафати во електро-системот утре, на 03.10.2015 година, без електрична енергија ќе останат:
- од 08.30 – 12.00 часот дел од корисниците од ул.„Киро Фетак“ во близина на Железничката пруга, населба Драчево (општина Кисела Вода);
- од 09.00 – 13.00 часот дел од Стара Скопска Чаршија (општина Чаир );
- од 09.00 – 13.00 часот ул. Козле делот околу бр:145 (општина Карпош).