Низа експерти и аналитичари од светски рамки деновиве потврдија дека добро спроведените реформи и економски политики носат одлични резултати. За нив не е изненадување тоа што Македонија се најде толку високо на извештајот на Светска банка- „Дуинг бизнис 2016“, пишува Лидер.
Македонија во извештајот е рангирана како 12-та во светот, 6-та во Европа и земја која е најдобра во регионот за правење бизнис. Зад нас се Словенија, Бугарија, Хрватска и Грција – земји од соседството кои се веќе дел од ЕУ

Директорката на Светската банка за Југоистона Европа, Елен Голдстејн во интервју за албанската телевизија Топчанел ја посочи Македонија како добар пример за спроведување реформи во економијата и создавање на поволна бизнис клима.
Повеќето балкански земји се некаде на средината на светското подредување на економиите и тоа не е доволно. За да бидеш светска дестинација за инвестиции, треба да бидеш една од најдобрите. Од оваа гледна точка многу интересно е да се види Македонија, која оваа година е рангирана 12-та во светот и постојано е меѓу 25-те или 30-те први земји во светот. Ова е еден стандард кој може да го постигне секоја земја на Балканот, доколку ги забрза реформите. Огледајте се на Македонија, вели Голдстејн.
Дека македонските услови за бизнис се најдобри во регионот и меѓу најдобрите во светот, се согласува и нејзиниот колега од Светската банка, Симеон Џанков, кој инаку е еден од творците на извештајот Дуинг бизнис, а е и поранешен вицепремиер и министер за финансии на Република Бугарија.
Македонија е доказ дека со имплементирање реформи, не само во изминатата година, туку континуирано во последните 7-8 години, може да бидете меѓу најдобрите земји за бизнис во светот, а не само во регионот. Во последниве години Македонија е многу подобрена на полето на е- Влада, па ако сакате да започнете нов бизнис во земјава, вие тоа може да го направите електронски, се е онлајн. Тоа може да се направи многу брзо, што ја намалува можноста за корупција. Регистрацијата на имотот исто така стана он-лајн процес во Македонија, компаниите побрзо можат да дојдат до кредити. Се што е поврзано со ефикасност на административните процедури, Владата го подобри, нагласува Џанков.
Дека извештајот…