Момче и девојка пронајдени мртви во мотел во Битола

Две починати лица вчера се пронајдени во мотел во Битола. Според првичните информации на полицијата тие пред неколку дена ја изнајмиле собата, јавува битолската телевизија„Тера“.

Станува збор за лица од Битола, машкото И.К. родено 1982 година, а девојката И.Ѓ. родена 1988 година.

Безживотните тела ги прнашле врабоени во мотелот. Лекар од итната медицинска служба констарирал смрт, а јавен обвинител наредил обдукција. Обдкукцијата на едното тело веќе е готова.

Починатиот И.К (33) од Битола чие тело утрово беше пронајдено во мотелот Пржо имал дебело полициско досие, соопшти полицијата. Според информациите, тој бил сторител на повеќе кривични дела меѓу кои и такви поврзани со дрога. И тој, и 27- годишната И.Ѓ. биле од ромска националност. Потекнувале од битолската населба Караорман, за која битолчани велат дека е вистинско „нарко гето“.
Таткото на 33 годишниот К.И. од Битола пред осум дена во локалната полиција пријавил дека неговиот син е исчезнат.

Едното тело веќе било во фаза на распаѓање, додека кај другото процесот сеуште не бил започнат.

Битолчани шпекулираат дека станува збор за наркозависник, но никој не знае во какви околности настанала смртта.