
Постарата ќерка на хрватската водителка Николина Пишек (42), Хана Цигој неодамна отпатувала во Руанда, каде се занимава со хуманитарна работа.
– Вака изгледа среќата. Мојата девојка – напишала гордата мајка под фотографијата на 18-годишната Хана која е опкружена со деца од сиропиталиштето во кое волонтира.
Хана имала само 16 години кога му се придружила на волонтерскиот центар во Загреб, а освен тоа што има големо срце, завршила и едно од најтешките средни училишта во Загреб, природно-математичка гимназија.