
Црните кутии од авионот кој викендов се сруши и го зави светот во црно најверојатно укажуваат на тоа дека тој експлодирал.
Според неофицијални податоци на светските медиуми, рускиот авион А321 во кој загинаа сите 224 патници меѓу кои и 25 дечиња, најверојатно експлодирал во воздухот. Црната кутија покажува дека пилотот ниту било кој друг од екипажот не побарал помош и не пријавил неправилност кобниот ден.
Најверојатно експлозија на бомба го предизвикала неговото рушење. Тоа било доволно да се поремети притисокот на воздухот и да доведе до катастрофа, велат експертите.
Случајот се истргажува и понатаму.