Малта го замрзнува учеството во Шенгенскиот договор на еден месец

Малта од денес п до 3 декември го замрзнува учеството во Шенгенскиот договор и во тој период на нејзините граници ќе дејствуваат мерките за гранична контрола, изјавија анонимни извори за весникот „Тајмс оф Малта“.

Причината за оваа одлука е меѓународната конференција за проблемите на миграцијата, која е организирана за 11 и 12 ноември, на која ќе учествуваат претставници на европски и африкански земји, како и средбата од 27 до 29 ноември на државни и владини лидери на државите од Комонвелтот.