
Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Јужна Африка, за да присуствува на церемонијата во спомен на Нелсон Мандела, пренесе „АФП“.
По 16-часовниот лет, авионот што го превезувал Обама и неговата сопруга Мишел, слетал на воениот аеродром во Преторија.
Претхотно на аеродромот пристигнаа авионите на кинеските и германските лидери, кои исто така ќе присуствуваат на церемонијата во чест на поранешниот претседател на Јужноафриканската Република.