Украинците не се откажуваат од организацијата на ЗОИ 2022 година

Украинцките и покрај тоа што се соочуваат со антивладини протести , немаат намера да се откажат од кандидатура за Зимските олимписки игри во 2022 година . Украинскиот град Лавов е меѓу петте градови кандидати за организација на ЗОИ 2022 година . Заменикот на украинскиот парламент Александар Вилкул во Сочи , соопшти дека Олимписките игри се над секоја политика.

“Украина ќе ги реши своите политички проблеми и ќе излезе многу посилна “, изјави Вилкул.
Претседателот на Олимпискиот комитет на Украина Сергеј Бубка оцени дека Игрите ќе ја “обединат нацијата”
Укринците најдоцна до 14 март годинава официјално ќе ја поднесат кандидатурата до Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), кој во јули ќе ја одреди скратената листа на кандидати за организација на Игрите.
Кандидати за организација на ЗОИ 2022 година се Алама Ата ( Казахстан), Краков ( Полска) и Осло ( Норвешка)