
Конкуренцијата во боб на Олимписките игри никогаш не била посилана, а “болидите” на Зимските олимписки игри во Сочи се конструирани од инжинерите на автомобилските гиганти БМВ, Ферари, Мекларен …
На боб патеката на Игрите во Сочи, Американците, Германците и Швајцарците ќе се спуштат со боб кој го дизајнираше БМВ, Италијанците ќе се обидат да стигнат до златниот медал со Ферари , додека боб санката на В. Британија ја изработи Мекларен.
Една боб санка за настап на Олимписките игти чини најмалку 150.000 евра. Русите бобот ги чини 24 милиони евра, а Германците 17 милиони евра
Интересно е што Јапонците сами се обидоа да го направат својот боб, односно да го прилагодат на своите натпреварувачи, но не успеаја и покрај тоа што потрошија 10 милиони евра.