Децата од Покрајчево, Радовишко ќе добијат нова училишна зграда

Децата од Покрајчево, Радовишко ќе добијат нова училишна зграда во второто полугодие.  Чествувањето на 71 година од Денот на ослободувањето на Радовиш започна со поставување на камен-темелник за изградба на основно училиште во населеното место Покрајчево.

Децата од Покрајчево, Радовишко ќе добијат нова училишна зграда
Децата од Покрајчево, Радовишко ќе добијат нова училишна зграда

На денешната свеченост по повод поставувањето на камен-темелник на Основно училиште во населено место Покрајчево присуствуваше Заменик-министерот за образование Спиро Ристевски, пратеничката во Собранието на Република Македонија Нада Ципушева, градоначалникот на општината Сашко Николов, претседателот на Советот Никола Миовски и претставници од советот, локалната администрација и жители од населеното место Покрајчево.

Децата од Покрајчево, Радовишко ќе добијат нова училишна зграда
Децата од Покрајчево, Радовишко ќе добијат нова училишна зграда

Заменик-министерот за образование Спиро Ристевски кој присуствуваше на овој свечен чин, поздравувајќи ги присутните истакна дека очекува брза изградба на овој објект.

Образованието претставува еден од петте основни приоритети на Владата на Република Македонија. Ние како министерство ќе продолжиме во целост да ја подржуваме општина Радовиш која покажува сериозни активности и резултати во полето на образованието и во ова прилика би сакал да го поздравам и му честитам на градоначалникот Николов и на советниците за целокупната активност што ја имаа од локален карактер, да ги мотивирам во нивната работа, а во истовреме да им сугерирам на другите општини да го видат и да го следат примерот на општина Радовиш за тоа како се работи и како се  исполнуваат проекти кои се ветени пред граѓаните и за коишто се избрани. Како Влада ќе продолжиме со инфраструктурната активност, досега реконструиравне над 350 училишта и изградивме нови 70, продолжуваме да градиме и општина Радовиш продолжува да биде дел од нашиот инвестициски план, рече Ристовски.

skolo-pokrajchevo-5

Објектот на ова основно училиште ќе се изгради со современи енергетско-ефикасни материјали според важечки стандарди и нормативи, истото е проектирано со три училници или вкупно за 36 ученици. Вкупната инвестициска вредност на објектот изнесува 4 милиони и 300 илјади денари. Во населеното место Покрајчево во тек е реализација на инфраструктурни проекти: изработка на комплетна техничка документација за улици во вкупна должина од 600 м и изградба на фекална канализација со вкупна должина од 700 м или вкупна инвестициска вредност од 4 милиони денари од Буџетот на општина Радовиш.

Искажувам благодарност до жителите на ова населено место, членовите на месната заедница и нивниот претседател кои имаа големо трпение и голема доверба кон нас, дека ние си опстоивме на ветувањето. Во ова прилика ќе кажам дека учениците од второто полугодие ќе учат во нова училишна зграда, најави градоначалникот Николов.

skolo-pokrajchevo-3

Како што нагласи Николов, во последните неколку години во општина Радовиш се изградени три нови училшни згради, реконструирани речиси сите училишни згради, изградени се мултифункционални игралишта во склоп на дел од одновните училишта како и гимназијата, изградена е спортска сала во О.У,,К.П.Мисирков,.

Во изминатиов период направивме граѓаните на општина Радовиш да бидат горди на сето она што е направено во полето на образованието. Ја имаме силната подршка на Владата на Република Македонија и ќе продолжиме да го дооформуваме и надоградуваме целокупниот систем на образование,  рече Николов.