Никој не може да даде одговор каде одеа парите во време на СДСМ. СДСМ во периодот кога беше на власт во светот немаше криза, сите земји бележеа рекорден раст, а Македонија имаше економија со катастрофални стапки на раст. Ова меѓу другото се вели во соопштението што владејачката ВМРО – ДПМНЕ денес го упати во јавноста.
Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:
СДСМ не можат да се помират со фактот дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води успешна економска политика за која потврда даваат и релевантните меѓународни институции како Светска Банка и ММФ.
Ја разбираме потребата на СДСМ да манипулираат со јавноста и да даваат неточни прогнози со години наназад, бидејќи толку ја разбираат економијата. Да знаеа повеќе тогаш ќе направеа барем половина од напредокот кој сега го има државата и тоа во време на светска економска криза.
СДСМ во периодот кога беше на власт во светот немаше криза, сите земји бележеа рекорден раст, а Македонија имаше економија со катастрофални стапки на раст, ништо не се градеше, оставија државен долг од 36,7 отсто, оставија невработеност од скоро 39%, со еден збор очај и безнадежност.
Никој не може да даде одговор каде одеа парите во време на СДСМ.
Денес не само што се градат три нови автопати и стотици локални и регионални патишта, не само што се инвестира во железничка инфраструктура, во болници, училишта, градинки, се субвенционира земјоделството, се обезбедуваат ефтини кредити за малите и средните претпријатија, се зголемуваат плати, пензии, социјална помош, туку сме петта најмалку задолжена земја во Европа. Денес дури и се враќаат долговите кои СДСМ ги направи кога беше на власт.
Ете ова е резултатот од транспарентната и одговорна работа на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која СДСМ не може никако да ја прифати и признае.