Столтенберг: НАТО треба да го осуети военото зацврстување на Русија

НАТО треба да го осуети засилувањето на руското воено присуство во Калининград, во Црно Море и во источен Медитеран, затоа што тоа на Москва може да и овозможи контрола врз многу важни зони, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, цитиран од француските медиуми, објави МИА.

Стратегиската руска енклава Калининград е разместена југозападно од балтичките републики, кои веќе се загрижени од поддршката на Москва за украинските