
Холандското Министерство за надворешни работи реши привремено, до крајот на оваа недела, да ги прекине сите летови од Холандија до египетското летувалиште Шарм ел Шеик и летовите над Синајскиот Полуостров, соопшти весникот „НЛ тајмс“, цитиран од руските медиуми.
Претходно истото го стори и Велика Британија.
Решението на Холандија е донесено по консултациите, поврзани со несреќата на рускиот патнички авион „ Ербас А321“, што за време на викендот се урна на Синајскиот Полуостров.
Во консултациите учествуваа националниот координатор на специјалните служби за борба со тероризмот, Министерството за внатрешни работи и авиокомпаниите.
Холандското Министерство за надворешни работи на националните авиокомпании им препорача да ги пре