Моќни фотографии од бездомници кои го трогнаа светот

Кога ќе ги погледнете фотографиите на Ли Џефри, нема да видите само бездомници – ќе ја видите и нивната болка, тага и страдање… Со еден збор ќе видите човечки суштества!

Ли Џефри е самоук уметник кој вешто ги користи друштвените мрежи за со своите феноменални фотографии да ја подигне свеста за проблемот на бздомниците.

Неговата приказна започнала пред шест години кога го купил својот прв фотоапарат.

Тој ден тргнал во прошетка низ улиците на Лондон за да пронајде инспирација за својата прва серија фотографии.

Здогледал преубаваградба и замислил добар кадар, но вниманието му го одзела дваесетгодишна девојка која претурала по контејнерите.

Ли во тој момент имал два избори: да продолжи да бара инспирација во преубавата лондонска архитектура или да прејде преку патот и да ја замоли девојката да му ја ракаже својата животна приказна.

Се одлучил за второто и на тој начин ја пронашол својата животна инспирација.

Седум години подоцна Ли станал ценет фотограф кој дневно собира десетици мејлови во кои луѓе прашуваат како постигнува толку моќен ефект на своите фотографии.

Тој на сите им одговара исто: „Отворете го своето срце и ќе го достигнете она што го сакате“.

Фотографиите погледнете ги на следната страница.