
Денес започна четвртото продолжение на 71-та пленарна седница во Собранието на Република Македонија. На оваа седница пратениците ја започнаа дискусијата по точката од дневниот ред односно за Предлог-законот со кој се планира започнување на еден значаен и капитален проект кој предвидува изградба, реконструкција и проширување експресниот пат од Штип до Радовиш во должина од 39 километри.
За неопходноста и важноста од реализацијата на овој проект пред пратениците во Собранието свое образложение даде пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Нада Ципушева.
Пратеничката Ципушева потоа истакна дека овој патен правец е од исклучителна важност и поради тоа што овој патен правец е единствен пат кој го поврзува Радовиш со главниот град на Македонија.
Во продолжение Ципушева се осврна и на деталите од предвидената изградба и реконструкција на овој експресен пат.
Експресниот пат Штип – Радовиш е со должина од 39 километри и ширина од 11,4 метри. Експресен пат кој што дел од него, 18 километри ќе биде со реконструкција и проширување на постојна делница и другата делница која исто така ќе се реконструира и проширува. Додека останатата делница која што всушност е и најлошата делница на овој патен правец е во должина од 21 километар, ќе биде сосема нова траса и ќе се избегне поминување во населени места, истакна Ципушева.
Нада Ципушева посочи дека овој проект има огромно значење за граѓаните од овој регион и дека значително ќе го олесни животот на граѓаните од југоисточниот дел на Република Македонија, како и дека ќе се овозможи побрз економски развој на овој регион.
На крајот, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ципушева побара од сите пратеници во Собранието на Република Македонија едногласно да го поддржат и изгласаат овој предлог – закон со цел олеснување на животот и работата како на граѓаните на Општина Радовиш, така и на сите оние кои транзитираат и го користат овој патен правец.