Единаесет емигранти се удавиле во обид да стигнат во Шпанија

Телата на 11 емигранти кои се надевале дека ги чека подобар живот во Шпанија вчера биле откриени од страна на полицијата. Тие се удавиле при обид од Мароко да допливаат до шпанскиот брег.

Телата се пронајдени на плажата Терахал во местото Сеута.

Шпанските медиуми и групи за заштита на човековите права наведуваат дека полицијата, наводно пукала врз имигрантите во морето додека тие пливале.

Генералниот директор на цивилната стража изјави дека неговите луѓе употребиле гумени куршуми за да ги спречат имигрантите да дојдат до брегот, но пукале во воздух.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандес Диас денеска во Парламемтот ќе одговори на прашањата во врска со смртта на имигрантите.