
Иако сами на себе си ветивте дека повеќе нема да имате работа со идиоти, веќе по неколку месеци врска сфаќате дека вашиот нов избраник е посесивно љубоморен, контрол-фрик, патолошки лажго и измамник? Може и да не е и ништо од наведеното, но едноставно е некој кој во вас постојано ја поткопува самодовербата и ви носи повеќе тага од среќа.
Психолозите објаснуваат дека голем број на луѓе од различни околности во својот живот не се емоционално созреани, и повторно и повторно ги прават истите грешки копирајќи го тоа што се случува во нивното семејство, детство или од првото љубовно искуство. Иако не е лесно да се прекинат лошите навики и да се научи правилно да се избере, постојат некои општи совети кои можат да помогнат во тоа:
1. Не им дезволувајте на вашите гениталии да избираат!
Иако звучи смешно, голем број на погрешни односи настанува поради силната физичка привлечност, односно поради добриот секс. И мажите и жените би требало да запаметат дека сексуалниот однос нема никаква врска со односот во иднина.
Секако дека без почетна хемија не се може, но ни најдобриот секс нема да ги надомести разликите во ставовите, непочитувањето и немањето на љубов. Студиите покажуваат дека голем број од стабилните љуб овни односи со секот се подобруваат со текот на времето, додека во токсичните врски правилото е дека тој е одличен на почетокот, но станува се полош и полош.
2. Почекајте со сексот
Кај две возрасни и сексуално искусни личност често се наметнува прашањето зошто воопшто да се чека за секс. Сепак, психолозите тв рдат дека оние кои имаат навика на „завршување“ со погрешн и луѓе, секако дека треба да чекаат. За време на сексот доаѓа до лачење н а хормон кој создава чувство на блискост, но тоа може да биде сота погрешно доколку отспротива имаме лице кое воопшто не го познаваме.
Почекајте да се запознаете на некој начин, да ги слушнете меѓусебните ставови и размислувања, а сексуалната напнатост искористете ја како дополнителен зачин што носи до секс- што само може да ви биде од корист.
3. Бидете искрено сигурни во својата вредност
Како се чувствуваме, такви и луѓе привлекуваме. На пример, ако се чувств увате изгубено, повредено од страна на поранешниот партнер, сеуште не сте ги избрале своите приоритети и влегувате во врска само за да не сте сами, односно да не ви е досадно, зголемени ви се шансите да завршите со некој кој не ги одговара.
Пред влегувањето во нова врска важно е да ги соберете вашите мисли и да имате позитивен впечаток за себе- знаете дека сте убави, паметни и способни и дека заслужувате некој кој ќе ве почитува и така ќе ве доживува. Луѓето кои ве лажеле, изневерувале или емоционално злоставувале не го правеле тоа затоа што вие така заслужувате, туку затоа што тие се такви, а најважно е да поставите здрави темели на самодоверба за да можете и при првите знаците да се тргнте од тој лош однос.
4. Избегнувајте го она „познатото“ ако сте од дисфункционално семејство
Ако вашите родители имале лош брак, целото детство сте го поминале согледувајќи како се однесуваат еден кон друг или како едниот го злоставувал другиот, на првиот знак од тоа дека вашиот партн ер ве потсетува на нешто од вашето семејство, бегајте.
Психолозите објаснуваат дека луѓето имаат изградени патишта работите од минатото да ги пресликуваат во сегашноста, но тоа е нешто против кое треба да се борите самите. На пример, вашиот татко може да биде прекрасен татко, способен мајстор и одличен пријател, но истовремено и лош сопруг кој не знае да покажува нежност. Вие не треба да паднете во замката да имате партнер кој ве потсетува на него и неговото однесување.
5. Дајте му шанса на обичниот дечко
Често на „обично“ му го препишуваме и значењето „досадно“, но вистина е дека со тоа се дава искривена перцепција за луѓето кои имаат навика да бидат во лоши односи. Тие се навикнати на емоционални драми, постојани кавги и смирувања, голем стрес и болка, па сметаат дека без тоа нема вистинска љубов.
Психолозите објаснуваат дека правилната и стабилна партнерска љубов во некоја рака е и досадна, но во тоа е и неговата магија. Треба да тежите кој стабилно градење на односите и љубовта која расте по заслуга. Обично убавите работи кои партнерот ги прави за вас треба и вие за него. Така се создаваат темили на врска со душевен мир, стабилност и ќе го извадат она најдоброто кое се наоѓа во сите нас.