Авганистан ослободи 65 талибанци

Авганистан ослободи 65 лица кои се сметаат за талибански борци и покрај неодобрување на САД. Според Вашингтон, ослободените претставуваат закана за НАТО и силите на Авганистан, пренесе АФП.

„Ослободени се 65 затвореници од затворот Баграм утринава“, потврди Абдул Шукор Драс, член на авганистанскиот орган на Владата.

Според САД овој потег го прекршува договорот за размена на затвореници.

„Авганистанското влада мора да преземе одговорност за последиците од ова решение. Ја повикуваме Владата да ги преземе сите можни мерки за да е сигурна дека ослободените лица нема да извршат нови акти на насилство или терористички напади“, гласи ставот на амбасадата на САД во Кабул.