Мртво бебе донесено во болницата во Кавадарци

Утрово во 04.45 часот од ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци во Полициска станица Кавадарци е пријавено дека кај нив е донесено починато бебе. Информацијата ја потврди портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска.

– По наредба на надлежен Јавен обвинител излезено е на лице место, се работи на целосно расветлување на настанот, соопшти таа, пренесува МИА.

Од Јавното обвинителство од Велес потврдија дека наложиле обдукција.

Бебето не давало знаци на живот и доктор само ја констатирал смртта.