
Индија ја тужи британската кралица за дијамантот Кох-и-нор. Овој дијамант кој сега е дел од кралската круна во Британија, своевремено бил најголемиот во светот и се проценува дека вреди 100 милиони фунти.
Сега Индија го бара назад.
Кох-и-нор дијамантот бил дел од кралската круна на Кралицата Мајка за време на крунисувањето на нејзиниот сопруг Кралот Џорџ Шести во 1937-та и потоа за време на крунисувањето на кралицата Елизабета во 1953-тата.
Групата што себе си се нарекува „Планина на светлината“ според преводот на името на дијамантот, вели дека 105-каратниот дијамант бил украден од Индија и бараат владата во Обединетото Кралство да го врати.