Луѓето од СДСМ да му постават едноставно прашање на нивниот лидер и повремен градоначалник на Струмица Зоран Заев, да одговори каде се 3000-те ветени нови работни места во 300 производствени погони во трите индустриски области кои ги вети на почетокот на третиот мандат кој веќе му истекува.
Ова меѓу другото се наведува во соопштението што владејачката ВМРО-ДПМНЕ го упати денес во јавноста.
Во продолжение интегрален текст од соопштението:
СДСМ не знае што се странски инвестиции од проста причина што во нивно време ниту една странска инвестиција не дојде во Македонија. Граѓаните се сеќаваат на проектите како „АУДИ“, кои пропаднаа бидејќи владата предводена од СДСМ го стави личниот интерес пред интересот на граѓаните и државата. Затоа овој светски бренд не инвестираше во Македонија и не отвори илјадници нови работни места.
И денес СДСМ функционриа по истиот метод – за секој инвеститор во општина Струмица бара за секое вложено евро, едно евро плус да даде во менувачницата на Вицето. Ете затоа и после 3 години од најавените индустриски зони, фабрики и вработувања има само празни ливади.
За погубноста на економските политки кои што СДСМ ги водел и сеуште ги води се над 684 затворени фабрики во Македонија поради што на улица останаа над 200.000 работници. Тоа се резултатите на СДСМ кои што и ден денес народот ги памети.
Денешното раководство на СДСМ тогаш ги аминуваа погрешните политики кои ја опустошија Македонија и оставија таква катастрофална состојба во економијата за која се потребни десетици години да се санира.
Граѓаните знаат да ја направат разликата. Граѓаните ги гледаат десетиците нови фабрики низ целата држава. Колку и да сака СДСМ не може да го оспори фактот дека се отворени над 140.000 нови работни места. Колку и да сака СДСМ не може да го оспори фактот дека само оваа година близу 9.000 нови работни места се отворени само преку проектот „Македонија вработува“. Токму затоа невработеноста е падната од 38% во време на СДСМ на 26,8% денес. Токму затоа БДП е зголемен од 5 милијарди евра во 2005 на 8,53 милијарди евра во 2014.
Ги повикуваме луѓето од СДСМ да му постават едноставно прашање на нивниот лидер и повремен градоначалник на Струмица Зоран Заев, да одговори каде се 3000-те ветени нови работни места во 300 производствени погони во трите индустриски области кои ги вети на почетокот на третиот мандат кој веќе му истекува.
Кога ќе ги добијат одговорите за неговата неспособност тогаш ќе сфатат како е можно ВМРО-ДПМНЕ да има толкав напредок во економијата и зошто граѓаните девет изборни циклуси по ред му ја даваат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, а не на СДСМ.