Рокот за изнесување на хемиското оружје од Сирија може да биде испуштен

Крајниот рок за изнесување на хемиското оружје од територијата на Сирија може да биде испуштен, пренесуваат светските медиуми.

Причината е дека во моментов се води борба за контролирање на клучните магистрали, а тоа создава проблеми за гарантирање на безбедноста на конвоите што би го пренесувале арсеналот на хемиското оружје.

Според договорот склучен меѓу Сирија и Обединетите Нации, сириското хемиско оружје треба да бидае транспортирано надвор од земјата до 31 декември оваа година.