
Кинеските власти денес соопштија дека во Кина е укината контроверзната политика за „ едно дете “, со што годишно ќе се раѓаат три мииони бебиња повеќе од претходно.
Строгата политика за „ едно дете “ ја донесе земјата со најголем број на жители во светот, од 1.37 милијарди, забрзано да старее, а поради падот на работноспособни лица трпи и економската состојба на земјата, пренесува Танјуг.
Промента на законот, кој на состанокот минатиот месец го објави владејачката Комунистичка партија, ќе им овозможи на 90 милиони Кинески да родат и второ дете, изјави заменик министерот на кинеската Национална комисија за здравство и планирање на семејство, Ванг Пејан.
– Половина од нив имаат меѓу 40 и 49 година, што ја ограничува нивната желба или способноста да забременат и да родат дете, посочи Ванг. Тој додаде дека некои од нив ќе се колебаат да останат бремени, други пак нема да можат да родат иако го сакаат тоа.
Пред промената на политиката, 50 милиони жени веќе имаа право да родат второ дете на различна основа, што ги вклучуваше селските семејства на кои првото дете им било женско, двојките во кои едниот е единец, како и етничките малцинства.
Се шпекулира дека со измената на политиката драстично ќе се зголеми бројот на новороденчиња во земјата, што ќе биде корисно за стопанството, но аналитичарите предупредуваат дека многу кинески двојки воопшто не сакаат второ дете, посебно земјаќи ги предвид високите трошоци за него, па така последиците од промента на политиката се и понатаму неизвесни.
Во Кина во 2014 година се родени речиси 17 милиони деца, а Ванг наведува дека поради измените во наредните пет години, годишно би можело да бидат родени по три милиони деца повеќе. Според него до 2050 година работнат сила во земјата би можела да се зголеми за околу 30 милиони луѓе.