Се надеваме дека по исполнувањето на критериумите, после изборите во 2016 година нема да сме подложени на нови пречки и услови, за недобивање на датум за преговори. Статус-кво ситуацијата во контекст на евроатланските интегративни процеси е лоша за државата и одбегнување или пренасочување на одговорноста од било кого сите ќе ја гледаат како соучесништво во неуспехот, рече премиерот.
Тој потенцира дека Република Македонија очекува датум за преговори и откочување на интегративните процеси кој ќе биде заслужена верификација на се она што до сега е направено и што ќе се направи.
Амбасадорот Аиво Орав рече дека најважно од се е тоа што Македонија ја доби седмата последователна препорака. Вели дека не е толку важно дали истиот е позитивен или негативен и дека заедничка цел е Македонија што поскоро да започне со преговорите за влез во ЕУ.