Исламист кој планирал напади уапсен во Франција

Радикален исламист кој планирал да изврши напади врз припадници на воената морнарица во пристаништето Тулон е уапсен во Франција.

– Бидејќи една година бил под надзор поради радикални ставови и поддршка на џихадистичката доктрина, ова лице планирало да стапи во акција, наведе францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев.

Тој додаде дека станува збор за маж од 25 години, уапсен на 29 октомври, кој и порано бил затворан и обвинуван за терористички активности.

Според некои извори, уапсениот навестил дека планирал да патува во Сирија и да се приклучи кон џихад, но оти сепак одлучил да изврши напад во Франција, бидејќи пасошот му бил одземен.