Фудбалската репрезентација на Македонија оствари убедлива победа од 4-1 против солидната селекција на Црна Гора.
Серијата голови ја започна Шиков. На 2-0 зголеми Александар Трајковски од пенал откако претходно беше фаулиран Ибраими. По една брза контра на Тричковски , Трајковски доби топка на пеналтикот и зголеми на убедливи 3-0. Истиот играч во вториот дел постигна хет-трик за убедливи 4-0. Во финишот од мечот гостите постигнаа почесен погодок за конечни 4-1 на овој меч.
Македонската фудбалска репрезентција оствари победа по пауза од 13 месеци.