Зорица тешко ја поднесува бременоста: „Повраќам секој ден“

Зорица тешко ја поднесува бременоста: „Повраќам секој ден“
Зорица тешко ја поднесува бременоста: „Повраќам секој ден“

Веста дека пејачката Зорица Марковиќ, на 56 годишна возраст забременила и дека носи близнаци, одекна во Србија. Иако нејзината состојба би можела да биде ризична порди годините, пејачката не се откажува од ноќните забави, иако сега пие кафе и сок.

„Не би сакала да зборувам за бременоста бидејќи сакам да имам малку интима после реалните шоуа во кои ме видовте во сите изданија. Имам мачнини и повраќам секој ден, барам по еднаш. Среќа што здравствено сум добро, вели Зорица.

Таа неодамна го напушти реалното шоу „Фарма“ поради проблеми со здравјето.

Популарната фолк-пејачка Зорица Марковиќ за време на преглед во една приватна болница во Белград дознала дека е бремена во 56-та година од животот, и тоа со близнаци!

Пејачката правела анализи во болницата дури два пати откако и ја соопштиле веста, бидејќи не можела да верува дека е вистина.