Мексиканец признал дека убил 800 луѓе

Мексиканецот Хесус Чавез Кастиљо на кој во моментов му се суди во САД признал дека убил најмалку 800 лица, соопштија латиноамериканските медиуми.

Кастиљо бил уапсен во мексиканскиот град Суедад Хуарес во 2010 година и веднаш бил екстрадиран во Америка.

Кастиљо за време на судење изјавил дека бил член на бандата „Барио Азтека“ и дека секој ден шефот му давал листа на луѓе кои треба да ги убие. Убиствата биле со цел да се заплаши полицијата и жителите, пренесе „Фокс њуз“.

Овој мексикански бандит е обвинет и за убиство на неколку вработени во конзулатот на САД и членови на нивните семејства во пограничната држава Чихуахуа.

Кастиљо сведочел и против својот поранешен шеф, водачот на бандата, Артуро Гаљегос, кој наводно му наредил да убива американски државјани.

Чихуахуа е позната како главен канал за транспорт на дрога од Мексико во САД.