
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на Општина Карпош.
Премиерот ќе присуствува на започнување на градежни активности за изградба на плоштад во село Бардовци и ќе оствари средба со жителите на село Бардовци.
Исто така, планирано е премиерот да оствари посета на фарма на индивидуален земјоделец во село Бардовци, а потоа ќе оствари средба со жителите на населбата Злокуќани.