Најстариот олимпиец на светот почина во 103-та година од животот

Најстариот олимпиец, Кинезот Гуо Жије почина во 103-та година од својот живот, потврдија тамошните медиуми.

Кинеската агенција Синхуа наведе дека Гуо Жије починал во неделата, а неколку дена претходно неговата здравствена состојба била драстично влошена.

Гуо на Олимписките игри во Берлин во 1936 година се натпреваруваше во фрлање диск. Тој на тие игри постави личен рекорд од 41,13 метри, но тоа не му беше доволно да се пласира во финалето.

Гуо Жије беше и еден од носителите на олимпискиот факел пред Олимписките игри во Пекинг 2008 година.