
Претседателот на Русија Владимир Путин денес изјави дека руските воздушни напади во Сирија ќе продолжат и ќе бидат интензивирани за екстремистите да сфатат дека одмаздата е неминовност.
– Ќе ги бараме каде и да се сокријат. Ќе ги најдеме во кој и да е дел на светот и ќе ги казниме, порача Путин, нарекувајќи го соборувањето на рускиот авион на Египет „едно од најкрвавите злосторства“.
– Терористичкиот акт е причината за уривањето на рускиот авион во Египет. – Во авионот била внесено рачно изработена бомба со моќност од околу еден килограм еквивалент на тротил, изјави денеска директорот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников.