
Во село Бардовци почна изградба на плоштад кој воедно е инвестиција на Владата на Република Македонија преку Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство.
Овој плоштад ќе има околу 2.000 метри квадратни и ќе биде уреден со клупи, фонтана и игралишта за деца. Покрај изградбата на плоштадот, ќе се асфалтираат и неколку улички во село Бардовци.
На настанот присуствуваше премиерот Никола Груевски, придружуван од градоначалниците на Скопје и на Карпош, Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, директори на јавните претпријатија на Град Скопје (ЈСП „Скопје“, Водовод, Скопски катастар), претседателот на Владата ги слушаше потребите на граѓаните од овој дел на Скопје, а неговите соработници ги земаа нивните податоци за да ги контактираат.
Груевски истакна дека Владата преку Програмата за рурален развој инвестира во сите општини во Република Македонија за изградба на водоводи, канализациски мрежи и други инфраструктурни проекти кои им се најпотребни на граѓаните.