
Започна сезоната на мандарините, сочното јужно овошје богато со витамин Ц и Б, магнезиум, бета каротен и калиум.
Освен тоа, одлично е за здравјето, го подигнува имунитетот и благотворно делува на кожата.
Еднаш месечно направете пилинг:
Излупете четири мандарини, исцедете ги, а во малку превриена вода растопете десет лажици шеќер и оставете да се излади. Измешајте го со сок од мандарини. Оваа пилинг смеса нанесете ја на претходно исчистено лице, оставете да делува 15 минути и исплакнете со млака, а потоа и со ладна вода. Свежата овошна смеса ја чисти кожата, ја хидрира и ја чини мазна.