Агенцијата Ројтерс наведува дека македонската полиција синоќа почнала да ги враќа мигрантите кои не се од Сирија, Ирак и Авганистан.
Македонија најави дека ќе почне со поставување на жичана ограда по јужната граница. Советот за безбедност на Македонија ја задолжи АРМ да ги започне сите подготовки и активности за расчистување и подготовка на теренот за поставување ограда.
Српските власти почнаа да вршат подетални контроли за тоа кои бегалци се од воените жаришта, а кои се економски мигранти кои ја користат бегалската рута кон земјите на Европската Унија. На преминот Табановце синоќа првпат после подолго време останале околу 300 бегалци и не го продолжиле патот преку Србија.
Српските гранични власти ги пропуштаат само граѓаните од Сирија, Ирак и Авганистан. По случувањата во Париз, Србија најави дека ќе го зголеми присуството на војската и полицијата на своите граници и ќе го ограничи протокот на мигранти.