Правеле фалс карти за воз и ги продавале на мигранти

Три лица од Гевгелија добија кривична пријава бидејќи изработиле лажни возни карти на Македонски железници и истите ги продавале на мигранти.

Станува збор за Ќ.С.(44), С.В.(19) и В.М.(22), тројцата од Гевгелија.

Ќ.С. бил иницијатор и подучувач на С.В. и В.М., кои пак биле набавувачи на хартија и копир и изготвувачи на лажните билети.

Во наведениот период второ и третопријавениот откако изработиле одреден број лажни билети секојдневно му ги давале на првопријавениот да ги продава.

На 21.08.2015 година тие ги уништиле трагите и предметите со кои е извршено кривичното дело.