
Состојбата на јужната граница кон Грција денеска е редовна. На околу 1.000 мигранти не им се дозволува влез на територијата на Република Македонија, додека за останатите бегалци процедурата се одвива нормално.
Како што информираат од МВР, мирно е и на северната граница. Прифатниот камп е празен и нема задржувања во тековната процедура за излез.