Малата Самра убиена кога се обиделе да побегне од Исламска држава

Шестнаесетгодишната Самра Кешиновиќ, Австријка со босанско потекло е убиена во сирискиот град Рака, кога се обидувала да побегне од канџите на Исламска држава.

Самра со својата другарка Сабина Селимовиќ (15), во пролетта 2014 година се придружија на борците на ИСИЛ во Сирија и оттогаш нивната судбина не се знае.

– Самра била претепана на смрт додека се обидувала да избега.

Самра и Сабина се тинејџерки со босанско потекло кои живееја во Виена. Тие избегаа од дома и оттогаш ништо не се знае со сигурност.

-Не нѐ барајте, го славиме Алах и за него ќе умреме – напиша во една пригода Самра на социјалните мрежи.

– Не грижете сѐ за нас, добро ни е, секој ден јадеме нутела – напишала Самра во друга пригода.

Самра наводно во Рака родила и дете. Сега се тврди дека таа е убиена.

– Таа и Сабина живееја со другите жени во куќа на припадниците на ИСИЛ. Самра се обидела да избега и била претепана.