Се обеси старец од струшко Мислешево

Се обеси старец од струшко Мислешево. Како што јавува МВР,  82- годишниот Б.П. од село Мислешево – Струга вчера околу 11.50 часот  бил пронајден обесен  со јаже поставено на греда во штала.

Од страна на итната медицинска помош Струга констатирана е смрт со видливи повреди на предниот дел од вратот.

По наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот нема да се врши обдукција, а телото е оставено на фамилијата за погреб.