ВИДЕО: Македонското знаме се вее на Хималаи

Македонското знаме се вее на Хималаи. Охриѓанецот Филип Василески Четкар и познатата алпинистка и планинар Илина Арсова која веќе четврти пат се качува на највисокиот планински масив во Непал, на 20-ти ноември за прв пат го развеаја македонското знаме на хималајскиот врв Мера Пик (6.476 метри).

cetkar-zname-3

Како што јавува „Охрид Њуз“, по 12 дена интензивно планинарење и аклиматизација двајцата успешно го искачија врвот во сопствена режија без придружба на водичи и агенција.

Мера Пик иако не е технички тешка за искачување, со својата висина и глечерски опасности е доволно голем предизвик кој не го потценуваат дури ни искусните планинари.

cetkar-zname-1

За Филип ова е втор искачен врв над 6.000 метри, додека Илина која се спушта со скии од 6.400 метри поставува нов рекорд во телемарк скијање од екстремни височини.

Филип и Илина моментално се во Катманду и наскоро се враќаат дома.