Русија ја прекина испораката на гас за Украина. Тие ќе продолжат откако украинската компанија „Нафтогас“ однапред ќе ги плати следните количини. Утрово „Нафтогас Украина“ ги добила однапред платените количини руски гас, но нема направено нови плаќања.
Денес во 10 часот Нафтогаз ги искористи сите претходно платени количества на руски гас. Не се извршени нови наплаќања, а нема ниту побарувања за нови количества гас од Нафтогас. Затоа испораката на нови количества е во прекин додека украинската компанија не уплати нови средства, вели Милер.
Шефот на руската гасна компанија „Газпром“, Алексеј Милер, изјави дека доставувањето на руски природен гас е прекино до следната исплата. Милер истакна дека одбивањето на Украина да купува руски гас, ги загрозува зимските резерви за Европа.