Тетовец прободен од насилници, скопјанка повредена во ЈСП

Две насилства се случиле во текот на вчерашниот ден, тетовец бил нападнат со нож од група насилници, а скопјанка била натепана во автобус на ЈСП.

Сред бел ден, во автобусот на ЈСП со број бр.62/1 била нападната 19-годишната А.М. од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.Шест години постариот М.И. од Скопје без повод и причина почнал да ја удира со тупаници по главата. Насилникот е приведен.

Синоќа, околу 19.30 часот, од група насилници на улицата „Маршал Тито“ во Тетово бил нападнат 21-годишниот Б.С. од тетовското село Желино. Непознати лица прво физички го нападнале, а потоа му нанеле убодна рана во пределот на стомакот .

Повредениот, поради сериозноста на повредите е пренесен во Клинички центар Тетово, каде му е укажана лекарска помош и е надвор од животна опасност.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на насилствата.