Средбата на работната група за медиумите одложена

Поради консултативни средби за подготовка на конкретни предлози во врска со законите поврзани со медиумите, врз основа на досегашните дискусии со политичките партии и засегнатите страни, средбата на работната група која разговара за реформите во медиумите најавена а денеска е одложена, се наведува во пишаната изјава на белгискиот експерт Питер Ванхауте.

Овие предлози, како што се појаснува во изјавата, ќе бидат дискутирани во работната група во следниве денови.