
Најновата божиќна реклама на британската компанија „John Lewis“ ја најави сезоната на празниците на најубавиот можен начин.
Оваа година „John Lewis“ ни претставува една нова приказна полна со емоции. Малечката Лили гледајќи низ својот телескоп го забележува дедото кој сам живее на месечината.
Забележувајќи ја неговата тага и осаменост, смислува начини на кои ќе му покаже дека всушност и не е така осамен и дека таму некаде на земјата постои некој кој мисли на него.