
Поттикнат веројатно од последната опозициска офанзива за разнебидување на државата и нејзина федерализација, која на голема врата почнаа да ја „образложуваат“ опозициските пулени, но и првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, Јохан Тарчуловски на својот Фејсбук профил потсети на стартот на додворувањето на СДСМ кон албанските партии. Сега веќе е јасно зошто се прави целата оваа фама за официјалирање на албанскиот јазик и ревидирање на Охридскиот рамковен договор што го иницира раководството на СДСМ.
Опозицијата е повеќе од свесна дека ќе доживее повторно фијско на изборите во април, па бара поддршка од албанските партии за евентуално формирање на малцинска влада. Потценувајќи го македонскиот народ и својата држава, отворајќи ризик од нов воен конфликт и дестабилизација.
Инаку, за потсетување, по настанот во кумановската Диво Насеље, каде што згаснаа осум македонски полицајци, а 37 беа ранети во борбата со терористите, Заев насмеан се фотографираше со доушник и поддржувач на терористите. Заев поздравуваше гордо со поздравот на УЧК.
Ех бре Зоране, Зоране. Како е можно да немаш трошка срам? Каде ти е образот Зоране? Имаш ли ти совест? Како можеше во мај да ги понижиш семејствата кои изгубиле синови и да им се смееш во лице на оние кои беа повредени, пред камерите во Диво Насеље?
Едно „здраво, како сте“ не направи со нашите бранители, а се сликаше селфи изразувајќи сочуство на измислени цивилни жртви. Ќе ти речев срам да ти е Зоране, ама ти не знаеш што е тоа срам. СДСМ никогаш немале ваков лидер. И Шеќеринска беше поголем маж од тебе, напиша Тарчуловски на својот ФБ профил