
Вчера, пред CAPITOL MALL беа врачени клучевите на првиот од 7-те автомобили VW PASSAT, главната премија од инстант лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА. Овој прекрасен автомобил ќе се вози низ скопските улици, а среќната добитничка е Ирена Стојанова.
Инаку Ирена е од оние „повремени“ играчи на инстант лотарија , кои баш и не веруваат во својата среќа. Меѓутоа на денот на нејзината куќна слава купила два инстант лоза од продажното место „ Христеф“ во скопската населба Радишани. Првиот лоз ДЕТЕЛИНКА не и донел добивка , но вториот купен лоз СРЕЌНИ ТРКАЛА, ги открил четирите автомобилски тркала, со што и го донесе на Ирена првиот автомобил од овој инстант лоз.
Само за потсетување овој најнов инстант лоз на Државна лотарија на Македонија , беше пуштен во продажба на 24.10.2015 година и чини само 50 денари . Главната премија се седум автомобили VW PASSAT, a во себе крие и уште вредни парични добивки.