Фатени четворица економски мигранти кои илегално ја преминале грчко-македонската граница

Фатени четворица економски мигранти кои илегално ја преминале грчко-македонската граница
Фатени четворица економски мигранти кои илегално ја преминале грчко-македонската граница

Четири лица странски државјани кои илегално пеш ја преминале грчко-македонската граница се откриени вчера во 10.15 часот  на влез во Гевгелија, при контрола на автобус на „Руле Турс“ од страна на полицијата.

Лицата се приведени во полициска станица при што е утврдено дека се работи за В.А.М. (36) од Либан, А.М. (22) од Мароко, А.Х. (40) и Р.М. (22) од Авганистан.

Тие рекле дека на автобуската станица во Гевгелија непознато лице им ветилo превоз до Србија за сума од 400 евра и откако се договориле на лицето му дале 300 евра и мобилен телефон „самсунг галакси“, по што тој им извадил автобуски карти и ги оставил на автобуската станица.

Полицијата открила дека станува збор за лицето М.И.(45) од селото Мрзенци, кој бил повикан на информативен разговор, при што кај него е пронајден телефон „самсунг галакси“, кој мигрантите му го дале во противвредност од 100 евра.