Претепана девојка кај Олимписки базен

Во неделата 2.30 часот, на автобуската постојка на булеварот Кочо Рацин, кај Олимписки базен, три непознати машки лица физички ја нападнале 23-годишната скопјанка А.Д.

Лицата излегле од автобус на ЈСП, по што еден од нив без повод и причина физички ја нападнал, ја удрил со тупаница во пределот на главата, од што и се нанесени повреди во вид на оток на левата страна на главата.

Настанот го пријавила истиот ден во полициската станица во Центар, каде се превемаат мерки за пронаоѓање на сторителите.